Претрес во Зајас, приведен крадец

Од:

Вчера во 18.30 часот во Струга од полициски службеници од Полициската станица Струга бил лишен од слобода 54-годишниот С.Ј. од село Зајас-кичевско поради тоа што при извршен преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби, извести МВР.

– На 22.04.2023 во 22 часот од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициско одделение Зајас, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Ј. во с.Зајас, при што биле пронајдени и одземени: 12 велосипеди, 5 рамови од велосипеди, електромотор, како и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела тешки кражби и кражби, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас