Американската војска го евакуираше персоналот на американската амбасада во Судан

Од:

Американската војска успешно ја заврши евакуацијата на персоналот на американската амбасада од Судан, изјави за Ројтерс лице запознаено со операцијата. Изворот, кој одби да биде именуван, не понуди дополнителни детали за операцијата. Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар.

Продолжуваат големите конфликти во главниот град на Судан

Евакуацијата на странски државјани од Порт Судан започна додека воздушните напади го потресуваат главниот град Картум, каде пред една недела избија судири меѓу двајца генерали, при што загинаа стотици, а десетици илјади се раселени. Аеродромот во Картум е затворен, а илјадници странци се блокирани, меѓу нив има вработени во амбасадата и хуманитарни работници.

Суданската армија соопшти дека се согласила да помогне во евакуацијата на странски државјани и најави дека САД, Велика Британија, Франција и Кина ќе ги евакуираат дипломатите и другите државјани од Картум во наредните часови.

Шпанија испрати четири авиони во земјата Џибути за да ги евакуира своите и другите странски државјани. До вчера попладне, Саудиска Арабија евакуираше 157 свои државјани, покажаа снимките.

Кувајт објави дека некои негови граѓани пристигнале во пристаништето Џеда, а Јордан дека почнал со евакуација на 300 граѓани.

Обединетите нации и странските земји ги повикаа завојуваните воени команданти да го почитуваат примирјето за кое се договорија и да отворат безбедни премини за евакуација на цивили и испорака на основна помош.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел