Мицов со победа стартуваше на фјучрсот во Филипида

Од:

Стефан Мицов со победа го почна настапот на тенискиот фјучрс турнир во Филипида, Грција. Македонскиот тенисер во стартното коло беше поуспешен од Оран Резник од Израел со 2:0 во сетови (6:1 и 6:4).

Во следното коло Мицов ќе игра со победникот од мечот Драгош Торге (Романија) и Маркос Каловелонис (Грција, 4.носител).

Во игра на двојки Македонецот настапува заедно со Романецот Торге и ќе играат против полската комбинација Павел Турзински – Бартож Војнер.

Македонските играчи Димитар Грабул и Томислав Јотовски ќе настапат на фјучрсот во Суботица, додека на истиот турнир квалификациите треба да ги мине Шендрит Деари.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ