Груевски и Тачи не се договорија, ембаргото стапи на сила

Од:

Премиерите Никола Груевски и Хашим Тачи, се обиделе да ја решат трговската војна која почна со воведувањето на ембарго од косовска стана на македонските производи. Двајцата разговарале телефонски, но не нашле решение за проблемот.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој престојува во Брисел, со премиерот Груевски разговарале и барале начин да се надмине состојбата на граничните премини, но според двајцата премиери, договор не бил постигнат. Тaчи единствено во интерес на граѓаните Албанци рекол дека нема да наплаќа за влез во Косово.

Преговорите ќе продолжат и во наредните денови, но се чека првин Груевски да попушти, јавуваат медиуми на aлбански јазик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење