(ВИДЕО) Кузеска: Фронтекс е веќе активен, ЕУ е заштитник на границите и гарантор на идентитетот

Од:

„Во нашата држава започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Договорот со ФРОНТЕКСе прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ.

Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик.

Реализацијата на овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет.

Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.

Покрај напредокот во евроинтеграциите, Македонија оваа година, годината на сериозни глобални предизвици успешно претседава и со ОБСЕ една од најзначијте безбедносни организации во светот.

Сето тоа за нас како партија е дополнителен мотив да продолжиме со реализација на потребни реформи и услогласување на македонското законодавство со европското, за побрзо завршување на преговорите со ЕУ.

СДСМ продолжува да биде дел од секој државен и национален успех, заедно со граѓаните ги реализираме стратешките цели“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница