Серена: Чест мие што се израмнив со Федерер

Од:

Серена Вилијамс, вчера го освои УС Опен, со што дојде до својата 17-та Гренд Слем титула, и се израмни со Роџер Федерер по бројот на титулите.

„За мене е чест што успеав да се израмнам со Роџер. Тој е неверојатен тенисер и голем шампион во сите овие години, а освен тоа продолжува да игра и може да освои уште титули. Чувството да се биде на едно ниво со него е одлично, бидејќи тој беше исклучително постојан во текот на целата кариера”, изјави Американката, која веќе е само на една титула од втората позиција во рангирањето за најмногу Гренд Слем трофеи кај дамите, каде што во моментов се наоѓаат Навратилова и Еверт со 18. Штефи Граф има 22 титули и води по трофеи во Опен ерата (периодот во тенисот по 1968 година).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ