Генералниот секретар на НАТО утрово пристигна во ненадејна посета на Киев. За време на заедничката конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој рече дека Украина заслужува место во западната воена алијанса.
„Украина заслужува место во НАТО. Со текот на времето, со наша поддршка, тоа ќе биде можно“, рече тој.
Столтенберг вети продолжување на воената поддршка за Украина, велејќи дека досега сојузниците на НАТО обучиле десетици илјади украински војници и обезбедиле само воена помош од 65 милијарди евра.
„НАТО е со вас денес, утре и колку што е потребно“, рече Столтенберг пред да го покани Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус во јули. „Не знаеме кога ќе заврши оваа војна, но знаеме дека руската агресија е токсичен модел што мора да се запре. Значи, мора да продолжиме да ги зајакнуваме украинските вооружени сили“, додаде тој.
„И ние мора да обезбедиме силни, моќни аранжмани за безбедноста на Украина“, рече шефот на НАТО.
За време на престојот во Украина, Столтенберг ја посети Буча и им оддаде почит на жртвите на руските злосторства. Тој положи и венец на Ѕидот на сеќавањето на загинатите во Украина, со што им оддаде почит на сите оние кои ги загубија животите или беа ранети во одбраната на земјата.