Истрага за осомничен за повеќе разбојништва во Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, на 11.04.2022 година маскиран влегол во аптека на улицата „Солунска“ и на вработената и се заканил со пиштол, туркајќи ја кон магацинскиот простор. Одзел 40.500 денари спакувани во три книжни ќеси и избегал. На 16.05.2022 година осомничениот повторно маскиран влегол во обложувалница на улицата „Филип Втори Македонски“ и се упатил кон пултот за наплата. На вработената и се заканил со нож, директно насочувајќи го кон неа и принудувајќи ја да му даде 207.000 денари и 200 евра, соопшти Обвинителството.

„При последниот настан, на 18.04.2023 година, осомничениот маскиран се заканил со нож на вработена во аптека на улицата „Димитар Илиевски – Мурато“. Ја натерал да му го отвори сефот и ги одзел хартиените пликови внатре, сметајќи дека одзел пари. Всушност, во пликовите имало сметки и други документи. Осомничениот ја натерал оштетената да влезе во тоалетот, ја затворил внатре и избегал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците/оштетените. Судијата го прифати ваквиот предлог и му определи притвор во траење од 30 дена“, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост