„Ја држел заклучена во соба и ја малтретирал физички секојдневно“, поведена постапка за семејно насилство во Тетово

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Противправно лишување од слобода согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди. Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.​​

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост