Милошоски: Комисијата за надворешна политика нема добиено предлози за нови амбасадори

Од:

До собраниската Комисија за надворешна политика нема стасано нови предлози за амбасадори, изјави денеска претседателот на ова законодавно тело, пратеникот Антонио Милошоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за информациите во јавноста за амбасадор во Белград, Србија, тој рече дека до Комисијата нема испратено предлог, но исто така и за други држави.

– Сега засега немаме добиено предлог на тези на амбасадор кој би одел за Белград. Се слушнаа тие шпекулации за господинот Жерновски, но последните информации говорат дека веројатно тој предлог е повлечен и дека има други заинтересирани во рамките на владината коалиција, изјави претседателот на Собраниската Комисија Антонио Милошоски.

На прес-конференција во Собранието рече дека неофицијално има информации од МНР дека се подготвува листа на амбасадори за Берлин, за Будимпешта, за Букурешт, за Берн, за Стокхолм, но дека таа се уште не е стигната до Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски