Српски Телеграф во „ликувачка“ и по малку цинична статија објави дека македонската кошаркарска репрезентација загубила од босанската затоа што премногу се опиле во петокот вечерта додека ја славеле победата врз Србија.
Телеграф тврди дека од свои извори разбрале дека македонските репрезентативци петочната ноќ ја минале во клубот Стефан Браун во Љубљана. Според нив, кошаркарите толку многу се опиле што во хотелот се вратиле дури рано утрото. Потоа, во веќе познатиот манир на кој пишуваат и некои наши медиуми, Телеграф шпекулира дека освен алкохолот, репрезентативците си појадувале во Мекдоналдс, за на крај да изведат сопствен заклучок дека количината на пиење, саатите „лумпување“ и нездравата храна придонеле за лошо одиграниот меч со Босна и Херцеговина.