СДСМ: Антикорупциска е на потег, да се истражи случајот Парцели во Лисиче

Од:

„Последниот случај со Деталниот урбанистички план и парцелите во Лисиче создава сериозни сомневања кои треба да се расчистат. Имено, според информации кои се јавно објавени од повеќе медиуми, неколку парцели во Лисиче со површина од над 1.000 метри квадратни, биле купени како ниви, пред овој урабистички план да биде во процедура“, соопшти СДСМ.

„Дали купувачите знаеле дека токму таму ќе се градат згради и дали однапред знаеле дека маркиците за згради ќе бидат токму на тие парцели?

Сега на потег е Државната комисија за спречување на корупцијата која мора да ги истражи овој случај.

Тимчо Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМЕ во Скопје не работат ништо, освен што ги партизираат и задолжуваат општините.

СДСМ ќе остане со граѓаните, ќе се спротивстави и ќе стори се за штетните решенија да не се реализираат.

На граѓаните им требаат нови паркови и зеленило а не сомнителна бетонизација“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра