Во првиот меч од плејоф серијата со Феникс, Лос Анџелес Клиперс направи изненадување и славеше на гостински терен (115:110). Икс фактор беше Расел Вестбрук, кој пред тоа за малку ќе се скараше со навивач. Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, експлозивниот плејмејкер влезе во вербална пресметка со навивач на спротивниот табор.
“Watch your mouth motherf**ker!"
Russell Westbrook to a fan during halftime of Suns-Clippers 😳 pic.twitter.com/078AMOeKyU
— Hoops (@HoopMixOnly) April 17, 2023
Сето тоа се случи на полувремето кога Вестбрук тргна кон него, меѓу нив застана претставник од обезбедувањето на Клиперс и се обиде да го оддалечи Вестбрук што подалеку, додека едно момче седеше седнато во фотелја.
„Внимавај што зборуваш..“, изговори Вестбрук и продлжи да пцуе.