Тинејџер во САД отишол да ги земе браќата па влегол во погрешна куќа, сопственикот го застрела

Од:

16-годишниот Ралф Јарл бил застрелан во главата откако влегол во погрешна куќа за да ги земе своите помали браќа близнаци. Пукањето се случило во четвртокот околу 22 часот по локално време во Канзас Сити, а 16-годишникот моментално е во болница. Полицијата потврди дека црн тинејџер влегол во погрешна куќа и таму бил застрелан.

Тетката на Ралф, Фејт Спунмор, рече дека тинејџерот избегал, но морал да тропне на вратите на три различни куќи пред некој да му помогне. Полицијата истакна дека Ралф има повреди опасни по живот. Сопственикот на куќата кој наводно го застрелал Ралф бил приведен во четвртокот, но ослободен во очекување на понатамошна истрага, пишува Sky News.

Адвокатот за граѓански права Бен Крамп изјави за локалните медиуми дека семејството на Ралф изјавило дека напаѓачот бил бел. „Неизбежно е да не се признае расната динамика што е во игра“, додаде Крамп, кој го претставува семејството на Ралф. Официјалните лица не го именуваа наводниот напаѓач ниту ја потврдија неговата раса. Тие, исто така, не потврдија колку пати била застрелана жртвата или какви повреди се здобила.

Законот во Мисури дозволува лице да биде притворено до 24 часа за да истражи кривично дело. Во тој момент, лицето мора да биде ослободено или уапсено и формално обвинето. За да уапсат некого, на полицијата и треба официјална изјава од жртвата, форензички докази и други информации за да се комплетира списите на случајот. Полицијата се уште не може да земе исказот на жртвата.

„Сакам сите да знаат дека слушам и ја разбирам загриженоста што ја добиваме од заедницата“, рече началникот на полицијата во Канзас Сити Стејси Грејвс. Пукањето предизвика протест, а стотици луѓе вчера се собраа пред домот каде што, наводно, бил застрелан Ралф. Страницата GoFundMe која собира пари за неговите медицински трошоци, собра повеќе од 700.000 долари.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“