Кадиров одби да ги прими ослободените чеченски војници: Вратете се на првата линија

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров одби да се сретне со своите војници кои се ослободени од украинско заробеништво. Тој рече дека „чеченскиот војник не треба да има причина да биде заробен“. Во саботата, пет чеченски војници беа пречекани од роднини и владини претставници во Грозни, главниот град на Чеченската Република, откако беа разменети за украински воени заробеници.

Претседателот на чеченскиот парламент, Магомед Даудов изјави дека чеченските војници биле заробени на 14 декември, а преговорите за нивно ослободување биле „чувани во тајност“. Сепак, во објава на Телеграм, Кадиров потврди дека не е меѓу оние кои ги поздравувале повратниците, пишувајќи дека чеченскиот „воин мора да докаже дека немал друг избор освен да биде заробен“.

Тоа треба да го докажете со враќање на првата линија“, нагласи тој. Тој тврди дека било „прашање на честа“ на војникот да покаже дека не ја избегнуваат битката, односно „дека не се плашеле да се спротивстават на непријателот и не барале можност да го положат оружјето“.

Тој го посочи примерот на чеченскиот војник Киргиз Мушиканов, кој беше ранет и заробен во Украина, но по неговото ослободување и закрепнување повторно се приклучи на единиците на Кадиров, пренесува Newsweek.

„Се разбира, заробеништвото не е злосторство и драго ни е што борците преживеаја“, напиша Кадиров. Сепак, тој нагласи дека неговите војници пред фаќањето рекле дека им снемува муниција и им сугерирал дека требало да бидат внимателни со „секој куршум“.

Тој призна дека дел од вината е и кај него бидејќи војниците не биле „доволно подготвени“, но рече дека ослободените војници „сега имаат можност да се докажат себеси, на своите соборци, на командантот и на целата земја“. Чеченските војници беа ослободени како дел од размената на воени заробеници во која приватната воена компанија Вагнер врати 130 украински војници.

Би можело да ве интересира

Беспилотно летало го погодил рускиот Универзитет за специјални сили Спецназ

Советот на ЕУ одлучи мајката на Рамзан Кадиров да ја стави на листата на санкционирани лица

Ќе ги испратиме сатанистите во пеколот – Кадиров му се заканува на Израел

ВИДЕО: Синот на Кадиров познат по претепувањето затвореник доби орден „Херој на Чеченија“

(ВИДЕО) По гласините дека е во кома, се појави снимка од Кадиров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кадиров збесна дека мајка му е под санкции: Треба да се разбие оваа американска гнасотија

Катерина Ѓуровски