Претседателот Владимир Путин на полноќ присуствуваше на велигденската богослужба предводена од Руската православна црква, која силно ја поддржа одлуката на лидерот на Кремљ да ја нападне Украина.
Путин, облечен во темен костум, бела кошула и темно виолетова вратоврска, стоеше на страна во московската катедрала Христос Спасителот, држејќи запалена црвена свеќа. Тој и минатата година присуствуваше на полноќната богослужба.
Рускиот лидер неколку пати се прекрсти за време на церемонијата, позната како Божествена Литургија. Кога патријархот Кирил рече „Христос воскресна“, Путин им се придружи на другите членови на конгрегацијата во одговорот „Навистина воскресна“. Инаку дотогаш ништо не кажа. Како што може да видите на видеото, имало многу телохранители на Путин кои цело време стоеја во црквата, дури во еден момент стоеја околу патријархот Кирил и внимателно го следеа.
Во една православна божиќна порака во јануари, Путин ја пофали Руската православна црква за поддршката на силите на Русија кои се борат во Украина. Пораката имаше за цел да собере поддршка за визијата на Путин за модерна Русија. Иако присуството на Путин на велигденската служба може да се смета за рутински верски настан, тоа исто така ја нагласува блиската врска меѓу Кремљ и Руската православна црква.