Касами до Курти: Добредојде во Тетово, албанскиот главен град на Македонија

Од:

При посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово, тетовскиот градоначалник Билал Касами го претстави македонскиот град со кој раководи како „албански главен град во Северна Македонија“ во својата објава на Фејсбук.

Тој на својот фејсбук профил напиша: „Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, албанскиот главен град на Северна Македонија!“.

Ова е втор пат Касами да го „крсти“ Тетово во албански главен град на Македонија.

Пред три недели истиот негов став го напиша при посетата на Тетово на делегацијата од градоначалници Албанци од Косово и од Србија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Касами незаконски дели книги од големиот автор Исмаил Кадаре

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Касами: Не се исклучува министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Касами: Османи дека не е тој кој ја треба да се грижи за правата на Албанците во Македонија

Касами: ДУИ ќе ги загубат следните избори