Се повреди и почина работник на „Комунална хигиена“

Од:

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ од Скопје вчера се повреди додека работел и почина, соопшти полицијата.

Засега се знае дека во 9.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „11 Октомври“, при извршување работни задачи, А.С.(43) од Скопје – вработен во ЈП „Комунална хигиена“ се здобил со повреди и починал на местото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

За настанот бил известен трудов инспектор и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он