Претрес во Делчево, пронајдена марихуана, приведени двајца дилери

Од:

Денеска полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип ги лишиле од слобода 24-годишниот А.М. и 24-годишниот Д.И. од Делчево, извести МВР.

– Имено, по преземени мерки и активности, со судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот на С.М.(24), при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, по судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории во кои живее Д.И.(24) во Делчево, при што биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, кутија со остатоци од марихуана и дробилка. При преглед на патничко возило „ауди“, пак, сопственост на Д.И., била пронајдена и одземена уште една ќеса со марихуана, соопшти МВР.

Двајцата биле приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски