Лишен од слобода насилник од Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

Од:

Од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје денеска е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност“, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.

Тој, како што информираат од МВР, се сомничи дека на 13.04.2023 во 14:00 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас