Американскиот Конгрес подготвува санкции против блиските соработници и сојузници на Орбан

Од:

Двопартиска група во Конгресот подготвува нацрт на американски санкции кои ќе бидат насочени кон водечките унгарски политички фигури поврзани со владата на Орбан. Санкциите главно ќе опфатат поранешни функционери и поддржувачи на владата, главно поврзани со партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Законот е во подготовка од минатата година и се очекува да излезе пред Конгресот следниот месец, каде што најверојатно ќе добие широка поддршка, според официјални лица запознаени со процесот на подготвување на законот. Нацрт-законот за санкции се подготвува во услови на континуирано влошување на односите меѓу Вашингтон и Будимпешта, пишува Гардијан.

Орбан беше близок политички сојузник на Доналд Трамп, а Фидес одржува силни врски со тврдите американски конзервативци. Оваа недела протекоа документи на Пентагон, врз основа на разузнавачки информации, во кои Орбан ги опиша САД како еден од трите најголеми непријатели.

Унгарија вчера објави дека планира да ја напушти Меѓународната инвестициска банка (IIB) контролирана од Русија, само еден ден откако САД воведоа санкции за институцијата со седиште во Будимпешта, која во Европа широко се опишува како „тројански коњ“ на Москва.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас