Опожарен автомобил во кумановското село Тромеѓа

Од:

Кумановската противпожарна единица интервенирала на опожарено моторно возило во село Тромеѓа, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи од Куманово.

Пожарникарите синоќа го гаселе пожарот еден час од 22:35 до 23:35 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

И од МВР го потврдија случајот и посочија дека во 22:37 во кумановската полиција било пријавено дека во дворно место во село Тромеѓа, сопственост на М. П настанал пожар на „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 40 годишниот А. С од Скопје, кој непосредно пред тоа пристигнал во дворот со возилото. Полицијата извршила увид.

Претходно, полицијата информираше дека од јануари до март во Куманово опожарени биле четири автомобили, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре. Лани, пак биле евидентирани пожари на 13 возила. 

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он