Навални имал мистериозни симптоми, лекарите мораа да интервенираат во неговата ќелија

Од:

Вадим Кобзев, адвокатот на Алексеј Навални, објави дека лекарите биле повикани во ќелијата на Навални ноќта меѓу 7 и 8 април поради акутни симптоми кои затворскиот персонал одбил да ги објасни. Кобзев вели дека не сака да ја исклучи можноста Навални повторно да биде отруен, но овојпат во мали дози за „постепено, но постојано“ да се влошува, пишува Медуза.

Тој тврди дека Навални го прашал затворскиот лекар од што боледува, на што тој одговорил: „Пролет е, сите имаат акутни симптоми“.

„Судејќи според бизарната и застрашувачка ситуација околу здравјето на Навални, со ненадејни напади какви што никогаш немал, не можеме да исклучиме дека тој полека се труе… Ова би можело да звучи како параноична идеја доколку се работи за друго лице. Ќе бараме тестирање за токсичност и радиолошка студија“, рече Кобзев.

Навални неодамна помина 15 дена во казнена ќелија, а Кобзев наведува дека само во тој период изгубил 8 килограми. Откако минатиот петок беше пуштен од казнената ќелија, Навални беше вратен таму за да одлежи уште 15 дена дисциплинска казна по лекарската интервенција во неговата ќелија.

Максималното законско времетраење на казната затвор во казнена ќелија е 15 дена. Сепак, казнената колонија ја заобиколува таа регулатива со испраќање на Навални на повеќекратни последователни престои во казнената ќелија, кои се одделени со кратки периоди во кои Навални останува во нормални затворски услови.

Кобзев, исто така, рече дека вработените во затворот тајно го предупредиле Навални за претстојната „провокација“ во која ќе биде вклучен и другар во ќелијата. Адвокатот ги информираше рускиот комесар за човекови права Татјана Москалкова, шефот на руската Федерална затворска служба Аркадиј Гостев и главниот обвинител Игор Краснов за проблемите на неговиот клиент и за повредата на неговите права во затворот.

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои