Момче колабираше на голем одмор, наставниците мислеа дека „глуми мртов“: Не го допирале осум минути, набрзо почина

Од:

Петгодишното момче по име Ромео падна на игралиштето за време на училишниот одмор, а наставниците не реагираа веднаш бидејќи мислеа дека „игра мртов“.

Детето остана во несвест осум минути, а два дена подоцна почина поради проблеми со срцето.

На годишнината од овој немил настан во Конектикат, Америка, неговите родители поднесоа тужба против градот Вест Хартфорд и училишниот одбор. Тие тврдат дека воспитувачите можеле да му го спасат животот доколку постапеле порано, се вели во тужбата, која ја видел Инсајдер.

Имено, децата играле „Ice Chick“ во основно училиште во Конектикат во април 2022 година кога колабирал Ромео Пјер Луис.

Наставниците мислеа дека „игра мртов“, но кога го проверија по осум минути, сфатиле дека не дише.

Во тужбата се тврди дека другите деца им кажале на наставниците за Луис, но тие ги игнорирале нивните предупредувања.

„Кога наставниците сфатија дека Ромео не игра мртов и дека му е потребна итна медицинска помош, веќе беше доцна и животот на Ромео повеќе не можеше да се спаси“, наведуваат родителите во тужбата.

И покрај максималните напори на лекарите во детската болница во Конектикат, Ромео почина два дена подоцна.

Адвокатот на родителите, Мајкл Чемберс, изјави за Вашингтон пост дека смртта на детето е „апсолутно и целосно спречена“.

„Ние како родители кои секојдневно ги оставаме децата на училиште, имаме одредено ниво на доверба во наставниците и управата на училиштето. И таа доверба сега е нарушена“, вели адвокатот.

Во тужбата се наведува дека наставниците постојано го запоставуваа детето. Според полицијата, другите деца на игралиштето мислеле дека Луис се преправа дека спие. Децата ги предупредиле наставниците дека Луис изгледа чудно. Неуспешно се обиделе да го оживеат.

Луис почина од синдромот Бругада, ретка болест која предизвикува нарушување на срцевиот ритам. Повеќето луѓе кои го имаат овој синдром не се ни свесни за тоа.

Чемберс вели дека родителите на Луис не ни знаеле дека детето ги има овие проблеми.

Според полицијата, другите деца на игралиштето мислеле дека Луис се преправа дека спие. Децата ги предупредиле наставниците дека Луис изгледа чудно. После тоа, медицинската сестра се обидела да го оживее со притискање на градите, но безуспешно.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија