СДСМ: Нова катастрофа му се случува на Скопје, Мицкоски ги изневери скопјани

Од:

„Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ги изневери скопјани, со ВМРО-ДПМНЕ на Скопје му се случува нова катастрофа. Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски, за која тој лобираше кај граѓаните и ги повикуваше да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, се покажа како најнеспособен градоначалник на Скопје“, соопшти СДСМ.

„Град Скопје назадува токму поради неспособноста на Арсовска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема реализација на ниту еден важен проект, градскиот превоз е нефункционален, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, јавните претпријатија се во хаос.

Наместо да работат на решавање на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето.

Со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Градот тоне во безидејност и бесперспективност, нема продолжување на наследените проекти, но затоа има кавги за рацете во медот, за провизии и бизнис влијанија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ