Опожарена трска на брегот на Охридското Езеро кај Струга

Од:

Околу 4.000 метри квадратни трска и нискостеблеста вегетација била опожарена, покрај крајбрежјето на Охридското Езеро во близина на Струга.

СВР Охрид денеска информира дека на 9 април, во 1 часот и 30 минути случајот бил пријавен во ОВР Струга.

– Покрај крајбрежието на Охридското Езеро, околу патеката која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Пред само десетина дена на овој потег беше регистриран и друг пожар, во кој била зафатена поголема површина со трски.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје

Пожар на депонијата „Краста“

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско