Сеул и Вашингтон подготвуваат план за ограничување од нуклеарната закана од Северна Кореја

Од:

Јужна Кореја и САД ги завршија подготовките за изработка на заеднички воен план за ограничување на нуклеарната закана од страна на властите во Пјонгјанг, соопшти денеска неименуван претставник на јужнокорејската Влада.

Тој нагласи дека Сеул и Вапингтон на планот работеле десет месеци и дека се очекува тој да биде усвоен на средбата на министрите за одбрана на двете земји планирана за следниот месец.

– Изработката на официјален документ се должи на сериозните намери да се спротивставиме на заканата од севернкорејското нуклеарно оружје, нагласи истиот извор.

Според него, планот вклучува политички, дипломатски и воени мерки, како и создавање на нуклеарен „чадор“ над Корејскиот Полуостров во случај на провокација од страна на Северна Кореја.

Во извештај на јужнокорејското Министерство за одбрана доставен до Парламентот во Сеул пред некоклу дена, се посочува дека во последните три години Пјонгјанг постигнал значителен напредок во развојот на својата нуклеарна програма и дека е спосбен во секое време на создаде атомска бомба.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија