Израелската полиција вечерва соопшти дека автомобилот удрил во група луѓе во близина на популарниот приморски парк пред да се преврти. Засега не е јасно што всушност се случило, но израелското Министерство за надворешни работи посочи дека се работи за терористички напад, пренесе АП.
Полицајците го застрелале возачот и засега не се знае во каква состојба е, но на социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа тело на земја до превртеното возило.
Video: Israeli police respond to the suspected attack in Tel Aviv pic.twitter.com/wpCxD8x00o
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) April 7, 2023
Како што се наведува, загинал 30-годишен маж, а на повредените им била укажана помош.
Нападот се случи во време на зголемени тензии по израелските воздушни напади врз цели на екстремистите и во Појасот Газа и во Либан, и вооружениот напад на окупираниот Западен Брег во кој загинаа две израелски сестри.
На ова му претходеа насилство и немири во светилиштето во Стариот град во Ерусалим, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.
Исламскиот екстремистички Хамас кој владее со Појасот Газа веднаш го пофали нападот во Тел Авив, нарекувајќи го одговор на „злосторствата против џамијата Ал Акса и верниците“.