Истрага за неовластено изнесување марихуана од фабрика за одгледување канабис

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца македонски и еден албански државјанин осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика за одгледување медицински канабис во битолското село Кравари, неовластено организирал и заради продажба од просториите на фабриката изнел две вреќи со наркотична дрога – марихуана. Вреќите ги оставил пред влезот во фабриката од каде ги подигнале другите двајца осомничени со автомобил. Откако биле забележани од полициски службеници, тие се обиделе дрогата да ја исфрлат од возилото, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, од кои еден е лишен од слобода, а двајца се во бегство. На тројцата им е определен притвор во траење од 30 дена, при што за двете лица кои се во бегство притворот ќе започне да се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството