Вчера околу 18 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот М.И. од тетовско Горно Орашје, извести МВР.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.