Се сретнаа Путин и Лукашенко, белорускиот претседател се закани

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва за проширување на економската соработка и зајакнување на одбранбените врски меѓу двете земји.

Во Кремљ беа и високи руски и белоруски функционери. Нивните разговори се одржаа по средбата еден на еден меѓу двајцата лидери.

Рускиот лидер минатиот месец објави дека Москва ќе стационира тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин и Лукашенко денеска не разговарале за распоредување на такво стратешко нуклеарно оружје, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Во своето воведно обраќање на денешните разговори, Лукашенко рече: „Ако е потребно, ќе искористиме се што имаме за да ги заштитиме нашите земји и народи. Не уценуваме никого. Така ќе биде“.

Путин рече дека „тесно ќе се работи за зајакнување на соработката“ според договорот, кој предвидува блиски политички, економски и воени врски меѓу Белорусија и Русија. Во јавните изјави на Путин и Лукашенко на самитот не се споменува војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски