Тешка сообраќајка во Скопје, има загинати

Од:

Двајца скопјани вчера загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во скопската населба Припор.

Полицијата денеска извести дека околу во 16.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, возило „сузуки свифт“ управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот.

На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски