Во четвртиот ден на Евробаскетот победи остварија Шпанија, Хрватска и Словенија во групата Ц, а Шведска, Италија и Грција во групата Д.
Изненадувањето дојде од Шведска која ја декласираше Русија со резултат 81:62 нанесувајќи им го третиот пораз. На 0/3 остана и Турција која беше немоќна против Грција (84:61).
Шпанија прими само 39 поени од Чешка (60:39), Италија до третиот триумф дојде против Финска со 62:44, Словенија ја победи Грузија со резултат 72:68, додека Хрватска за малку ќе изгубеше од Полска (74:70).
Европско првенство 3. коло:
Група Ц:
Шпанија – Чешка 60:39 (18:7, 15:18, 14:12, 13:2)
Хрватска – Полска 74:70 (24:12, 17:20, 21:17, 12:21)
Грузија – Словенија 68:72 (19:13, 13:31, 14:10, 22:18)
Табела: Словенија 3/0, Шпанија 2/1, Хрватска 2/1, Грузија 1/2, Чешка 1/2, Полска 3/0
Група Д:
Русија – Шведска 62:81 (15:18, 14:16, 16:18, 17:29)
Италија – Финска 62:44 (14:17, 17:9, 15:8, 16:10)
Турција – Грција 61:84 (16:21, 19:20, 14:23, 12:20)
Табела: Грција 3/0, Италија 3/0, Финска 2/1, Шведска 1/2, Русија 0/3, Турција 0/3