Уште еден руски олигарх умре во мистериозни околности

Од:

Уште еден во низата руски олигарси поврзани со Владимир Путин, е пронајден мртов под се уште неразјаснети околности, јавуваат руските медиуми. Телото на Игор Шкурк (49), заменик-генерален директор на руската енергетска компанија Јакутскенерго, беше откриено вчера во неговата притворска ќелија во Јакутск, каде што беше приведен под обвинение за примање мито.

Еден ден пред неговата смрт, неговите адвокати поднесоа жалби против, како што тврдеше, обвиненијата за неоправдано поткуп. Руските власти не дадоа никакви детали за смртта на Шкурк, но рекоа дека врз основа на „прелиминарните податоци“ нема знаци за „криминален чин“.

Шурко, кој имал големи приходи, бил обвинет дека барал поткуп од 5.000 фунти. Тој беше член на про-путин политичката партија Единствена Русија, но неговото членство беше суспендирано по обвинувањата.

„Ќе го паметиме како отворен, гостопримлив човек со големо срце и смисла за хумор, грижлив шеф на тесно поврзано семејство“, се вели во соопштението на неговата компанија. Шурко беше задолжен за техничкиот менаџмент на компанијата Јакутскенерго, која го снабдува со електрична енергија најстудениот регион во светот Јакутија.

Од почетокот на инвазијата на Украина, имаше серија необјаснети смртни случаи на високи руски енергетски функционери. Минатиот месец Новаја Газета Европа, водечки руски независен истражувачки весник и Транспаренси интернешнал Русија поврзаа серија сомнителни смртни случаи со рускиот енергетски гигант Гаспром и сложената „шема за перење пари“ од која корист имаа многу руски бизнисмени и луѓе од безбедносните служби и военото милје на Путин.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Путин: Развојот на Далечниот Исток е приоритет на Русија за целиот 21 век

Горан Наумовски

Нов руски напад во Киев, одекнуваат експлозии

Песков: Повлекувањето на Западот од дијалогот со Русија не може да помине без последици

Горан Наумовски

Песков: Европската Унија ја игра улогата што им ја додели Вашингтон