Вработени во културата повторно протестираа пред Владата, им се придружија и вработени во други институции и министерства

Од:

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм и денеска, повторно како и претходно неколку дена, протестираа пред Владата. Преку мирен протест изразуваат незадоволство поради како што велат, нивните недостоинствени месечни примања.

Како што наведуваат, во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на речиси 70 отсто од вработените се под просечната плата во државава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата била и по 10.000 денари.

На протестот беше нагласено дека вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со закон се зголемија за 30 проценти.

Бранко Костоски, претседател на Синдикакна организација при Министерство за култура на УПОЗ, потсети дека десетина дена, вработени во Министерство за култура, Управата и Агенцијата, мирно протестираат пред Влада и Министерство за финансии.

– Идентитетот на државата е културата, а лицето на Владата е администрацијата. Ние сме можеби мала, но значајна алка за да врват работите, порача тој во името на сите што протестираат.

Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), појасни дека протестот се проширува и дека во него сега се приклучиле и вработени во Државен завод за статистика, министерствата за животна средина, земјоделство, транспорт и врски. Протестот веќе не бил само на вработени во култура, туку и за сите административни службеници што се во опфатот на синдикатот на УПОЗ.

– Вчера колегите од земјоделство кажаа. Ако не се покачат платите по примерот на Министерство за финансии, веќе субвенции нема да се делат, најави Деаноски, нагласувајќи ја важноста од работењето на сите оние вработени што сега протестираат.

Би можело да ве интересира

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски