Се судрија „пасат“ и полициски „ровер“ – шестмина тешко повредени

Од:

Шестмина тешко повредени е билансот од сообраќајната несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Прилеп-Крушево, во близина на место викано „Бегова ливада“.

Од МВР велат дека возило „фолксваген пасат“ управувано од Р.Т.(45) од Прилеп се судрило со „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки повреди се здобил Р.Т., а повредени се возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија