Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер погоди делови од Мексико

Од:

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди делови од Мексико, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Епицентарот на земјотресот во понеделникот вечерта бил во близина на пацифичкото одморалиште Пуерто Ескондидо, во јужната држава Оахака, пренесува Ројтерс.

Поради активирање на сеизмичкиот аларм, дел од жителите превентивно беа принудени да ги евакуираат зградите.

Набргу по земјотресот, властите на сојузната држава Оахака соопштија дека земјотресот не предизвикал материјална штета, а властите во блиските градови Морелос, Пуебла и Мексико Сити, исто така, ја исклучија можноста за штети.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес погоди два града во Србија

Земјотрес во Берово и околината

Нов земјотрес во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Земјотрес го затресе Скопје

Предраг Петровиќ