(ВИДЕО) Сопругот на уапсената Дарја Трепова тврди: Ја „наместија“ мојата сопруга, таа никогаш не би убила

Од:

На социјалните мрежи се појави видео од наводното испрашување на Дарија Трепова, која е осомничена дека го поставила експлозивот во кој загина рускиот воен блогер. Експлозијата се случи во кафуле во центарот на Санкт Петербург, каде што беше познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, кој почина на лице место, а 30 лица беа повредени.

Дарија Трепова веднаш била идентификувана преку снимката од видео надзор и откако по неа била распишана потерница, набрзо е уапсена. Сега на социјалната мрежа Твитер се појави и видео од нејзиното испрашување.

Прво ја прашаа дали разбира зошто е приведена, на што таа рече дека разбира. На прашањето што направила, Трепова одговорила: „Таму донесов фигура која експлодираше“.

На прашањето кој и ја дал фигурата, таа одговорила: „Може ли да подоцна да одговорам“?

Во меѓувреме, медиумите објавија дека Дарија Трепова била приведена на антивоен митинг на 24 февруари 2022 година.

Таа е мажена, но како што велат нејзините пријатели, само на хартија со Дмитриј Рилов. Рилов е член на петербуршкиот огранок на Слободарската партија, од каде изјавија дека е во егзил надвор од Русија и дека нема никаква врска со експлозијата.

Двајца пријатели на Дарија Треповина изјавија дека таа не ја поддржува војната во Украина, но и дека нема „радикални ставови“. Според нив, бракот на Трепова и Рилов бил само на хартија.

-Формално имаше маж, но колку што знам свадбата беше шега и не одржуваа контакт. Барем не го спомна во последните шест месеци – вели еден од пријателите на уапсената жена.

Се огласи и Дмитриј Рилов кој изјави дека неговата сопруга била жртва на местенка.

„Сосема сум сигурен дека таа никогаш не би можела сама да направи вакво нешто. Вистина е дека, заедно со Дарија, навистина не ја поддржуваме војната во Украина, но сметаме дека таквите постапки се неприфатливи“, рече тој во коментар за SVTV News, заклучувајќи: „Ја „наместија“ жена ми, таа никогош не би убила“.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија