Руските безбедносни сили ја уапсија Дарја Трепова, жителка на Санкт Петербург, родена во 1997 година, под сомнение дека го убила воениот блогер Владлен Татарски.
Според анонимни извори на кои се повикуваат медиумите, истражителите веруваат дека Трепова во кафулето донела кутија со биста во која имало експлозивна направа.
Според првичните информации, бистата била наполнета со 200 грама експлозив и експлодирала на масата до Владлен.
Russia detained Darya Trepova who is a suspect in the unexplained incident that led to the death of military correspondent Vladlen Tatarsky yesterday in St. Petersburg. She allegedly delivered the figurine which contained explosives to the cafe where Vladlen was holding a meeting… pic.twitter.com/MFZf0t8Sin
— Dmitri (@wartranslated) April 3, 2023
Трепова непосредно пред експлозијата го напуштила кафулето и во меѓувреме била во бегство пишуваат руските медиуми.
Сега на социјалните мрежи почна да се шири видео на кое наводно се гледа како Трепова е испрашувана. Разбираш зошто те приведоа?“, ја прашуваат во видеото. Таа одговара дека разбира. „Би рекла затоа што се најдов на местото на убиството на Владлен Татарски“, вели таа.
„Таму донесов фигура која експлодираше“, продолжува Трепова. „Кој ти го даде?“, ја прашуваат, на што таа одговара: „Може ли подоцна да објаснам?“.