Опустошени места низ американскиот југ и среден запад, жителите копаат низ урнатините по жестоките бури и торнада во кои загинаа најмалку 24 луѓе, а десетици други беа повредени.
Во петокот, пишува Си-Ен-Ен, торнадо ја зафати областа, погодувајќи најмалку седум сојузни држави, уривајќи домови и деловни објекти, кревајќи покриви од згради, уривајќи дрвја и кревајќи во воздух возила.
WATCH: Video shows a massive tornado that caused widespread damage in Wynne, Arkansas.
We're LIVE tracking these storms! pic.twitter.com/Ko4TAN1GtJ
— The Weather Channel (@weatherchannel) April 1, 2023
Смртните случаи се потврдени во неколку држави, а најмногу жртви се пријавени во Арканзас, Тенеси и Индијана.
Како што пишува CNN, практично половина град во Арканзас исчезнал откако невремето поминало.
Unforgettable chase in my home state today (Arkansas).
After a close intercept with the Cabot tornado, we then witnessed the Wynne and Lexa tornadoes.
Can’t say enough about my partner @wx_Frankie and his ability to keep calm and focused in tense situations.
It breaks my… pic.twitter.com/gflLwTtW4G
— Zachary Hall (@WxZachary) April 1, 2023
„Воопшто нема зборови да се опише она што се случи. Многу е различно да се види торнадо што ви се приближува во живо отколку кога го гледате на телевизија. Во градот живеат околу 8.000 луѓе, некои куќи беа целосно уништени, на некои крововите им беа разнесени… Многумина останаа без дом, без ништо“, изјави портпаролката Џенифер Хобс.