Лет од аеродромот во Каиро кон Лондон е одложен попладнево, откако безбедносните служби добиле дојава за можен бомбашки напад во леталото, соопшти претставник на аеродромската полиција.
Тој информира дека египетската служба за државна безбедност добила анонимен телефонски повик дека во летот на авиокомпанијата „Еџипт Ер“ за Лондон има двајца бомбаши-самоубијци кои планираат напад.
По добиената закана сите патници на летот се детално претресени, а извршена е и повторна проверка на целиот багаж во авионот.
Откако не била пронајдена никаква експлозивна направа, авионот полетал кон Лондон со задоцнување од нешто повеќе од еден час.