Приведени двајца крадци од Скопје, расчистени три кривични дела извршени во Неготино

Од:

Полициски службеници денеска на автопатот А-1, Скопје-Гевгелија, кај клучка Неготино, ги привеле Х.К.(52) и М.С.(54), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека 30.03.2023 во Неготино извршиле три кривични дела тешка кражба на дрзок начин, соопшти МВР.

Кражбите ги извршиле во периодот од 12.05 часот до 12.30 часот, при што на три жени од Неготино од ташните им одзеле паричници со пари и лични документи.

По целосно документирање на случаите ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело по чл.236.ст.3 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари