Приведени тројца крадци од Гостиварско за издржување затворски казни

Од:

Во текот на вчерашниот ден и денеска во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода 32-годишниот С.А. и 26-годишниот З.С., двајцата од Гостивар и 37-годишниот М.А. од село Србиново, гостиварско, извести МВР.

– За трите лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на казни затвор, поради сторени кривични дела „кражба“, казниви по чл. 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицата се спроведени и предадени во Казнено поправна установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари