Прелиминарните заклучоци од извшетајот експертите на ОН за употребата на хемиско оружје во Сирија ќе бидат објавени до крајот на следната недела, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“.
Весникот повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека извештајот, кој ќе биде доставен до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, најверојатно ќе содржи детали за отровниот гас, муницијата и оружјето, кои биле употребени при нападот со хемиско оружје во предградие на Дамаск на 21 август, при што загинаа неколку стотици лица.
Според весникот, инспекторите на ОН собрале околу сто примероци од местото на нападот со хемиско оружји, кои вклулчуваат остатоци од делови од муниција, платна, како и крв и уруна од луѓе и животни.
Претходно, денеска шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија ги повикаа денеска САД да го одложат евентуалниот воен напад врз Сирија, се додека инспекторите на Обединетите нации не објават извештај за нападот со хемиско оружје кој наводно минатиот месец во Дамаск го извршил режимот на претседателот Башар ал Асад.
Американскиот државен секретар Џон Кери, изјави дека ова барање ќе им го пренесе на своие колеги во администрацијата на претседателот Барак Обама, а висок официјален претставник на Стејт департментот, кој присуствуваше на состанокот во Вилнус изјави дека Кери јасно нагласил оти САД се уште не донеле никаква одлука, која треба да се почека.
Во Вилњус се одржува средба на министрите за надворешни работи од ЕУ, а Литванија е домаќин на тој настан како актуелен претседавач на Унијата.
САД тврдат дека режимот на Асад го извршил нападот со хемиско оружје на 21 август во предградие на Дамаск и наведуваат извештаи на разузнавачки служби, според кои тогаш е употребен отровен гас сарин. Вашингтон наведува дека во нападот се убиени 1.429 лица, од кои 426 биле деца.
Британскиот Парламент гласаше против воената интервенција во Сирија, а францускиот претседател Франсоа Оланд, кој најпрво ја поддржуваше, вчера прв пат изјави дека ќе го почека извештајот на ОН, пред да се донесе одлука.
Кери денеска ќе отпатува во Париз, каде ќе разговара со претставници на арапските земји, а потоа во Лондон, каде ќе се состане со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со шефот на британката дипломатија Вилијам Хејг.
Aмериканскиот претседател Барак Обама во редовното неделно радио и интернет обраќање до нацијата денеска порача дека САД мораат да употребат воена сила во Сирија и на можат да замижат пред „стравичните слики на нападот со хемиско оружје“.
Обама апелираше до членовите на американскиот Конграс да ја поддржат воената интревенција во Сирија.
– Ги повикувам членовите на Конгресот од двете партии да се здружат и да застанат во одбрана на светот во кој сакаме да живееме, светот кој сакаме да им го оставиме на нашите деца и на иднте генерации, потенцира Обама.
Тој нагласи дека на сака да ги вовлече САД во уште една скапа и долга војна, додавајќи дека евенталната интервенција во Сирија нема да биде уште еден Ирак или Авганистан.
– Секој чекор што ќе го преземат САД во рамките на воената интервенција во Сирија ќе биде ограничен како временски, така и во неговиот обем, со цел да се спречи сириската Влада повторно да употреби отровен гас против сопствениот народ и да се намали незјината способност за нешто такво во иднина, додаде Обама.
Изнесувајќи аргументи во полза на воена акција во Сирија, Обама најавуви дека подетално ќе ги образложи причините за потребата од интервенција во свото обраќање до нацијата во вторник.
– (Нападот со хемиско оружје) не е само директен напад врз човековото достоинство, туку и сериозна закана за нашата национална безбедност, потенцира американскиот претседател во обраќањето.
Белата куќа до Конгресот достави Предлог-резолуција со која се бара дозвола за воена интервенција на САД во Сирија. Конгресот е на одмор до понеделник, кога се одржува неговото прво заседание.
Ззасега не е сигурно дека Кингресот ќе го поддржи барањето на Обама за воена интервенција во Сирија, а во прилог на тоа одат и резултатите од анкета на агенцијата Ипсос, според кои, речиси две третини од Американците се против напад врз оваа блискоисточна земја, а само 19 отсто од испитаниците поддржуваат таква акција.