(ВИДЕО) Трагедија во верски храм во Индија, загинаа 35 лица

Од:

Најмалку 35 лица загинаа, а 16 се повредени откако се урна покрив на бунар во комплекс храмови во централна Индија, изјави денеска владин претставник.

Несреќата се случила во градот Индоре кога бетонска плоча што го покривала покривот на скалило во комплексот на храмот се урнала и паднала врз верниците, кои се собрале да го прослават хиндускиот фестивал Рам Навами, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс.

Локалните медиуми објавија дека најмалку 75 членови на војската и спасувачките тимови работат на отстранување на остатоците од покривот, користејќи јажиња и скали за да ги извлечат преживеаните.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и најави отштета за загинатите и повредените во инцидентот.

Бунарите со скали се вообичаени во Индија, изградени пред стотици години, а до водата се стигнува со скали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати