Норвешката полиција заплени околу 820 килограми кокаин во Осло, што е најголемата заплена на оваа дрога досега во земјата, соопшти денеска полицијата. Сепак, никој не беше уапсен.
Полицијата во Осло и Царинската агенција одржаа конференција по оваа историска заплена на дрога во четвртокот попладне. Началникот на секторот во Царинската агенција Тим Гурик и началникот на Заедничката единица за разузнавање и истрага на полицискиот округ во Осло Грете, Лијен Метлид, на прес-конференцијата зборуваа за заплената.
– Ова во никој случај не е вообичаено и количината е два до три пати поголема од сите дроги од овој тип што досега сме ги заплениле. Пронајдената количина на дрога е исто така двојно поголема од онаа што ја собравме во изминатите пет години. Оваа сума редовно се шверцува низ Европа – истакнаа на конференцијата и додадоа:
– Проценката се базира на примероци и тестови што досега ги направивме на околу 800 килограми кокаин. Ова би било најголемата заплена на кокаин досега во Норвешка – изјави на прес-конференција шефицата на Заедничката единица за разузнавање и истрага на полицискиот округ во Осло, Грете Лијен Метлид.
Ова е очигледно организиран и тежок криминал. Сега не сакаме да кажеме каде во градот е извршена заплената, но важно е да се каже дека никој не е уапсен. Со големи напори ја истражуваме работата и сè уште ги бараме одговорните за овој чин, нагласи Матлид, посочувајќи дека нема сомнеж дека толку голема пратка е поврзана со организиран криминал.