Францускиот суд одлучи дека украинскиот милијардер Костиантин Жеваго не треба да биде екстрадиран под обвинение за проневера, изјави денеска портпаролот на Жеваго.
Жеваго, кој го контролира лондонскиот производител на пелети од железо Ферекспо, беше уапсен во декември во францускиот ски-центар на барање на Украина, која го бара за исчезнувањето на 113 милиони долари во Банката за финансии и кредит, која оттогаш банкротираше.
Тој ги негираше обвинувањата, пренесува Ројтерс.
Жеваго беше ослободен со кауција од еден милион евра по неговото првично апсење во близина на Шамбери, Франција.
Украина издаде потерница за Жевагo, кој беше пратеник во украинскиот парламент од 1998 до 2019 година, а меѓународна потерница беше распишана во 2021 година.