Двајца малолетници се во притвор по брзата бркотница со полицијата, која заврши откако нивното возило помина низ заштитна ограда и излета од мост.
Во оваа неверојатна несреќа во Минеаполис и двајцата малолетници се неповредени. Тие успеале да излезат од автомобилот и да побегнат од местото на настанот, но полицијата набрзо ги фатила.
Портпаролот на државната патрола на Минесота, поручник Гордон Шенк, вели дека инцидентот започнал непосредно пред 7 часот наутро, кога еден војник забележал возило кое брзо се движи на I-94 во близина на Бродвеј. Малолетниците се движеле со брзина од 150 километри на час, бегајќи од полицијата. Непосредно пред мостот ја намалиле брзината, но изгубиле контрола над возилото и излетале низ заштитната ограда, завршувајќи на патот под мостот.
Од хаварисаното возило успеале да побегнат двајцата малолетници кои биле внатре, од кои едниот излегол преку вратата, а другиот преку скршеното ветробранско стакло.
Тие побегнаа во блиската населба, но полицијата успеа да ги лоцира и да ги приведе.
Шенк рече дека повредите кои ги здобиле малолетниците во инцидентот не се опасни по живот.