Познатиот диригент од индиско потекло, Зубин Мехта ќе одржи денеска концерт во Шринагар, административен центар на индискиот дел на Кашмир.
Мехта ќе диригира со Баварската државна филхармонија, пред 1.500 присутни на концерт што директно ќе се пренесува во десетина земји ширум светот. Во организацијата на овој културен настан е вклучена и Германската амбасада во Њу Делхи.
– Се надевам дека овој концерт ќе ја прошири порака за мир, изјави Мехта.
Но, кашмирските сепаратисти остро се противат на денешниот концерт, тврдејки дека станува збор за обид на индиските власти за „легализација на нивната управа“ во Кашмир.
Лидерот на сепаратистите Саид Али Шах Гелани изјави дека целиот денешен ден ќе биде исполнет со протести, а пазарите во Шринагар во знак на протест воопшто не беа отворени. Сепаратистите планираат да одржат паралелен концерт, покрај оној на Мехта и на германската филхармоничари, но индиските безбедносни сили не им дозволија на учесниците на протестниот концерт да дојдат до локацијата каде е планирано тој да се одржи.
Концертот на Зубин Мехта и Баварската филхармонија ќе се одржи во спектакуларната градина Шалимар, изградена во 15-от век, од каде се пружа панорама на Хималаите.