„Помогнете ми, моето дете“: Мајка избезумено барала помош кога четири кучиња ја изгризале нејзината ќерка

Од:

Четиригодишно девојче е тешко повредено откако го изгризале четири кучиња додека си играло со пријател во соседната градина во близина на теренот за тренинг на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

„Девојчето беше облеано во крв, со рани по целото лице“, изјавиле соседите за Daily Mail.

Сопственикот на кучињата е одгледувач и чувал 14 кучиња низ куќата и во камп приколка.

Мајката на девојчето била сведок на немилиот настан и, како што велат соседите, извикувала „Помогнете ми – бебе мое“ додека се обидувала да и помогне на својата ќерка.

Соседите велат дека кај тој одгледувач често доаѓала полиција и, според нив, прашање на време било кога кучињата ќе нападнат некого.

Полицијата уапсила три лица осомничени дека се инволвирани во овој случај и запленила четири кучиња.

Како што е наведено, во последните пет години, бројот на напади на кучиња во Англија и Велс е во пораст.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон